Во пресрет на грејната сезона министерката за животна средина, Каја Шукова со апел до граѓаните да не користат нееколошки материјали за загревање на домовите, пренесува 24.mk.
Министерката посочи дека сè уште има граѓани кои користат старо отпадно масло, пластика, гуми што влијае и врз здравјето на луѓето.
Таа ги повика општините да почнат да размислуваат за субвенционирање на поранливите категории во однос на набавка на еколошки материи за затоплување, дрво, пелети, а државата преку Инспекторатот постојано да спроведува контроли.
Шукова потенцираше и дека постојано се спроведуваат проекти за намалување на загадувањето.