Со новоотворената гинеколошка ординација околу 20.000 жени ќе имаат пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита.
Освен тоа, поликлиниката во Шуто Оризари за две недели ќе има и неколку тимови матични лекари, кои ќе бидат на располагање на жителите од таа населба. Претходно имаше шест неуспешни обиди за поликлиниката да има општи матични лекари.
Министерот за здравство смета дека со тоа се заокружува еден сериозен процес на олеснување на пристапот кон здравствена заштита на сите жители од оваа населба.