Во Шведска изминатите денови забележан е раст на новозаболени со Ковид-19, иако бројката е многу помала од поголемиот дел од европските држави.

Шведската Влада на левиот центар предлага план на три нивоа како одговор на зголемувањето на бројот на заразени. Веќе се воведени голем број мерки и властите се подготвуваат да го прошират списокот со места за кои се потребни ковид сертификати, како на пример рестораните.

Претходно оваа недела, Норвешка ги заостри ограничувањата, во обид да го спречи ширењето на сојот омикрон во услови на рекордно ниво на инфекција и хоспитализација.

Данска, исто така, повторно воведе многу ограничувања, вклучувајќи го и затворањето на основните училишта пред Божиќ