Навивачката група на „Шкупи“ се закани до советниците од Град Скопје кои изгласаа помош за ФК Вардар. Тие велат „бараме ваквата одлука да биде повторно разгледана, а ако таа стапи на сила тогаш бидете подготвени да ги сносите последиците“.

Одлуката на советниците на град Скопје за финансиска помош на најтрофејниот фудбалски колектив Вардар, предизвика огромна реакција во јавноста, меѓу кои е и негативната од навивачите на ривалскиот клуб Шкупи.

Популарните „Шверцери“ со соопштение на социјалните мрежи реагираат на ваквата одлука, со оглед што црвено-црните според нив биле најлош тим во главниот град и побараа таа да биде проширена и на екипата од Чаир.

„Силна ја осудуваме одлуката на град Скопје за финансиска помош на најслабиот тим во престолнината. Без разлика што Шкупи го претставува градот, ниту најмала сума не завршила како овој клуб, кој за настапите во Европа плаќа сериозни пари за играње на скопската Арена. Скопје се финансира од даноците кои граѓаните ги издвојуваат за модерен и урбан град, а не за политички маркетинг. Затоа, бараме ваквата одлука да биде повторно разгледана, а ако таа стапи на сила тогаш бидете подготвени да ги сносите последиците“, напишаа навивачите на Шкупи.

Ваквата објава донесе многу коментари, меѓу кои има многу такви во кои се навредуваат советниците од ДУИ кои гласале за помошта на Вардар, нарекувајќи ги предавници.