Маж кој отвори оган на средношколски натпревар во Потакет, Род Ајленд, уби најмалку две лица, рани уште три, а потоа се самоуби. Според медиумски извештаи, напаѓачот бил татко на еден од играчите, но официјалните мотиви сè уште не се потврдени од полицијата.
Неофицијални информации наведуваат дека 56-годишниот Роберт Дорган прво пукал во својата поранешна сопруга, а потоа и во својата ќерка, по што си го одзел животот. Овие тврдења се базираат на сведоштва и извори од местото на настанот и не се потврдени од истражните органи.
Шефицата на полицијата во Потакет, Тина Гонсалвес, изјави дека се работи за „планиран напад кој можеби произлегува од семејна расправија“, но идентитетот на жртвите и точниот мотив сè уште не се соопштени.
Во медиумите се појавија и непотврдени информации дека осомничениот користел и друго име, но полицијата засега не ги потврдува тие детали.
На социјалните мрежи се појавија снимки од паниката по пукањето, на кои се гледа како играчите и гледачите бегаат од теренот додека други се обидуваат да им помогнат на повредените.
Истрагата за случајот е во тек.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
