Кина треба да преземе поефикасни мерки во борбата против Ковид-19, и треба да го минимизира влијанието на епидемијата врз економскиот и социјалниот развој, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг, јави кинеската државна телевизија.
– Што е можно побргу, Кина треба да го запре моментумот на ширење на вирусот, придржувајќи се на политиката „динамичко чистење”, појасни Си.