Дедото на едно од убиените девојчиња во „Рибникар“ се јави во живо во емисија и упати критики до српската власти. Вели дека тие си поигруваат со нивната болка. Ова се однесува на фотографијата која ја објави премиерката Ана Брнабиќ со која сакаше да ја спори масовноста на протестот против насилство кој се одржа во Белград.

Слободан Раичевиќ, дедо на едно од убиените девојчиња во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, се јави вчера директно во емисијата „Впечаток на неделата“ и рече дека претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерот Синиша Мали „си играат со болката на семејствата на загинатите деца“.

„Гласам и за овие тројца кербери кои се сликаа и ја претворија сликата во девет. Едвај имаа три, но девет кербери, си поиграа со нашата болка. И јас бев на прошетка и не забележав никаков инцидент што се случи. Сето тоа изгледаше организирано, дај Боже, и следниот петок ќе биде така“, рече дедото, коментирајќи го протестот „Србија против насилството“.

Тој е навреден од гестот на политичарите. Денеска почина уште едно девојче кое беше повредено во масакрот, со што бројот на жртви е десет.