Минатиот октомври италијанската цивилна заштита издаде предупредување за мал остров во Тиренското Море, на околу 25 километри северно од Сицилија, по серијата промени во вулканските параметри, објави „Гардијан“.

Градоначалникот Марко Џорџани нареди евакуација на околу 150 луѓе од пристанишниот дел на островот, за кој италијанските власти веруваат дека е најмногу изложен на отровни гасови.

Податоците укажуваат на пораст на гасовите и создаваат голема загриженост бидејќи претставуваат закана за јавното здравје, објави градоначалникот на Фејсбук.

Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, забележана е зголемена активност на тешки гасови, што ја намалува количината на кислород, што создава респираторни проблеми кај луѓето со потенцијално фатален исход.

Претходната ерупција на вулканот се случила пред 130 години и траела од 2 август 1888 година до 22 март 1890 година.