Унгарија нема да испрати војници или оружје во Украина и нема да дозволи смртоносно оружје да транзитира на нејзината територија за да ја зачува земјата безбедна. Тоа го нагласи денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за време на посетата на Косово.
– Причината за донесување на таа одлука е тоа што таквите испораки може да станат цели на непријателски воени дејствија и … мораме да ја осигураме безбедноста на Унгарија… дека не се вклучуваме во таа војна, изјави Сијарто. Тој денеска имеш средба со косоврската министерка за надворешни работи Доника Гервала.