Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе им ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ на 20 најдобри студенти за академската 2025/2026 година. Студентите ќе го продолжат своето образование на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција.

Стипендиите се резултат на заедничката соработка меѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“.