Струшките вечери на поезијата започнуваат под покровителство на претседателката

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва ќе го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата. Фестивалот промовира светска поезија и културна соработка. Во рамките на свеченото отворање ќе се одржат „Поетските меридијани“, каде што ќе биде претставен добитникот на Златниот венец за 2025 година – словачкиот поет Иван Штрпка.

Меѓународно поетско читање со наградени автори од 17 земји

На првата фестивалска вечер ќе настапат добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, Катица Ќулавкова, како и годинашниот добитник на наградата за најдобра поетска збирка на поет-дебитант од светот „Мостови на Струга“ – Матеуш Шимчик. Покрај нив, 20 еминентни поети од 17 земји ќе ги презентираат своите дела. Фестивалот ќе започне во 20:30 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.