Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала ги погоди јапонските острови Изу.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Јапонската метеоролошка служба соопшти дека регистрирала неколку земјотреси со магнитуда од околу 6 степени во морето кај островот Торишима.