Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 4.34 часот во охридскиот регион.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од Охрид и на 66 километри од Елбасан во Република Албанија.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуални штети.