Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар денеска кај индонезискиот остров Суматра регистрираше силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри од градот Падангсидемпан, на длабочина од 91 километар.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.