Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди грчкиот остров Крит, а епицентарот бил во морето.
Епицентарот е на 30 километри југо-југоисточно до Закрос. Силниот земјотрес бил почувствуван во многу делот од источниот дел на Крит, а бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални штети.
По силниот земјотрес регистрирани се уште најмалку четири со јачина од околу 3,8 степени.