Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја потресе Босна и Херцеговина.

Имено, како што е наведено на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил на 20 километри југозападно од Требиње.

Може да се напомене дека освен во БиХ, земјотресот го регистрираа и сеизмолошките центри во Хрватска.

Според изјавите на граѓаните објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, тресењето на земјата било силно почувствувано.

Се уште нема информации за евентуална материјална штета.