Ноќва во Албанија беше регистриран силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и девет километри од градот Ерсека, 95 км од Елбасан.
Земјотресот го почуствувале и жителите на пограничните региони во Македонија и во Грција. Потоа биле регистрирани и три послаби земјотреси, со јачина од 3,6, потоа 3,4 и 2,4 степени.