Прво доцна доаѓате, мислам дека требаше вие да побарате да дојде овде одамна. Дојдовте инспирирано од господинот Петков бидејќи тој веднаш побара пред бугарското народно собрание да ја објасни целата ситуација во односите со нас. Ама ако го следите тој многу мудро се однесува, не оди како вас по телевизии и таму да раскажува за нештата што ние ги слушаме, ниту како господинот Димитров, јас од телевизија дознав за нотата на Бугарија испратена во ОН и се чудев на логиката, му порача пратеничката и професорка Гордана Силјановска Давкова на денешната собраниска комисија за надворешна политика на Бујар Османи.
Краткото име нешто друго асоцира. Ако во минатото речете Република Македонија, или државата Македонија тоа е референца специфика во однос на Македонија генералис, историја географија, етнографија сега не е така. Зошто кога ќе ја кажете државата со новото име тоа е територија која нема однапред одредница. Значи ако имаше во науката и меѓународните односи се споредуваат исти ентитети, не се споредува држава со географски територии, вели Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посочи дека политичарите мора да ги антиципираат состојбите истакнувајќи дека собранието е место каде што се глади надворешната политика согласно законот за надворешни работи и поделената надлежност.
Многу пати кога сум ве слушала вас и Димитров и други, знаете ли што сум се прашувала, тоа звучело дипломатски и политички наивно оти политичарите мора да ги антиципираат состојбите, истакна таа.
Силјановска Давкова рече дека се чуди каде е претседателот на државата, укажувајќи дека и на негово барање може да се појави во собранието.
Се чудам каде е претседателот морам да кажам. Овде треба тој да се појави бидејќи може тој тоа да го направи на наше барање а може и сам, тоа е исто така една поента, нагласи таа.
Според нејзе Османи неколку пати ја споменал Резолуцијата, но како што рече неколку пати со неговите изјави излегол надвор од Резолуцијата. И според законот за надворешни работи и според поделената надлежност ова е вистинското место за градење на надворешна политика, а вие сте извршна власт. Ја споменавте Резолуцијата, но јас мислам дека неколку пати вие во коментарите сте излегле надвор од Резолуцијата, истакна Силјановска Давкова.