Силјановска Давкова положи цвеќе пред спомен плочата на Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија), кое пред 80 години на денешен ден се одржа во манастирот Св. Прохор Пчињски.
По средбата со Давкова, Вучиќ рече дека Србија ќе ја продолжи соработката со Северна Македонија и дека заедно ќе работат на изградба на брза железничка пруга до Солун.
– Среќни сме што можеме да ве угостиме денеска, ќе ручаме и заедно. Многу сум среќен што можам да и ја честитам победата на изборите, да и посакам успешна работа во наредните години. Ќе работиме на конкретни проекти, на политички прашања, на европскиот пат, на проблемите со кои се соочуваме. Сакам да им го честитам на граѓаните на Србија и на граѓаните на Северна Македонија денешниот празник. Го молам претседателот да се чувствува како дома во Србија. Убеден сум дека можеме да одиме до над две милијарди евра во нашата размена – рече претседателот.
View this post on Instagram
– Ја пречекав претседателката Гордана Силјановски Давкова. Оваа посета претставува одлична можност за зајакнување на партнерството и афирмирање на заедничките вредности со цел напредок и развој на целиот регион – рече Вучиќ на средбата.