На 92,8% обработени податоци, кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова има над пола милион гласови, односно 512.955 гласови.

Пендаровски има 282 илјади гласови помалку, односно 230.987 гласови. Јасно е дека Силјановска-Давкова  слави убедлива победа.