Не се работи за тоа дали сакаме или не да го менуваме Уставот. Нас не не избира меѓународната заедница, нас не избира народот, а ние не напишавме во програмата на избори дека ќе го менуваме Уставот. Но, власта не верува во теорија на мандат и второ последна година пред избори не се менува Устав, ниту Казнен законик, рече професорката Гордана Силјановска давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или Против што се емитува на телевизија Алфа.

Професорката укажа дека за време на средбите со претставниците на меѓународната заедница им кажуваат како стојат работите и ги потсетуваат на основите на правото.„Многу сакам да живеам во држави како нивните, како на претсавниците на меѓународната заедница. Тие ги имаат одредбите од нормите на ЕУ, Повелбата на фундаменталните права кон која пристапиле како ЕУ,  исто така и кон Рамковна конвенција за заштита на националните малцинства. Е сега има пресуди од Судот за човекови права во Стразбур кои се директно применливи, но тоа не е случај во Бугарија.

Од Бугарија никој не бара да ги почитува. А идејата за ЕУ е идеја за единство на различностите, идеја за владеење на правото“, рече Силјановска.Според неа оваа власт се делегитимира себе си и создава одиум кон тие од надвор, а тие сакаат да напишат во портфолио дека решиле проблем бидејќи и во Европа, во ЕУ ќе има избори.„Сега нам ни се става во преговарачка рамка од која извираат прашања кои и даваат право на Бугарија да не попречува постојано. Таа бајка со возови заминување, качување некако не поминува и затоа велам ако се изразуваме со јазикот на комуникациите тогаш  патот до Брисел води преку Копенхагеншките критериуми, а ние со тоа имаме проблем немаме владеење на право, туку владеење на поединци“.

Силјановска.Професорката се осврна на говорот на Димитар Ковачевски во Собранието на седницата за промена на Уставот.„Пратениците му аплаудираа, па тие се откажуваат од функцијата народен избраник, а тие го претставуваат народот, би разбрала да му аплаудираат кога ќе  се избере влада, доверба на влада, ама за промена на Устав е нерално“, рече Силјановска.Во однос на тоа што Талат Џафери ја прекина седницата на која требаше да се гласа за потреба на промена на Уставот, Силјановска рече дека ги прекршува сите правила.

  „Точно е дефинирано кога и како се гласа во првата фаза за промена на Уставот. Не е согласно правото ваквото одложување“, заклучи Силјановска.