Во 15 часот, претседателот прогласи еден час пауза. Слеговме во ресторанот. Сеуште чекаме да бидеме послужени во ” собранискиот” дом. Не ни беше дозволено да седнеме на голената маса, оти била ” резервирана” за министрите !! Згора, на вратите стојат луѓе кои не се од собраниското обезбедување, што делува вознемирувачки. Ај што бев проверувана два пати, еднаш при влегување, а втор пат пред салата, а згора, немав предност, туку сега, за да добијам храна, треба да барам интервенција од некој министер. Дури и во ресторанот јас сум Давид, а министрите се Голијат? Дом за бесење на парламентарната демократија ! Како сомнително лице се чувствувам “дома”, напиша пратеничката Гордана Силјановска Давкова на социјалните мрежи.
Силјановска Давкова од Собранието: Чудни луѓе кои не се собраниско обезбедување ги чуваат министрите во ресторанот
С