Признавам, не знам како да им изразам сочувство, како да им посакам вечен мир на починатите и брзо опоравување на повредените. Без зборови сум. Неколку пати седнував нешто да напишам, ама попусто. Не ми оди, во немир сум.
Времето врви, а мене ме јаде грижа на совеста што не сум проговорила. Признавам, носам тежок емотивен товар, а умов ми е претоварен со прашања и дилеми: како е можно, зошто, зарем?
„Модуларна“ е чудна придавка, збор со повеќезначно, па и амбивалентно значење во различни области: во архитектурата, во невладиниот сектор, во уметноста. Не ми се допаѓа изразот „модуларна болница“, оти означува нешто привремено, брзо, а болница си е болница, каде и да е и каква и да е, ако во неа работи медицински персонал кој што секаде и секогаш се води од Хипократовата заклетва.
Никогаш, никогаш не сум верувала дека болница, па макар и модуларна, може да изгоре побрзо од пластична елка, на која, барем постои ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ за ОПАСНОСТ! Исто така, никогаш, никогаш не сум верувала дека по апокалиптичните слики, што ќе останат неизбришани во мојата меморија до крајот на животот, наместо ВЕДНАШ да поднесе оставка, министерот на премиерот му ПОНУДИЛ писмена оставка, а овој ги чека резултатите од истрагата пред да ПРЕСЕЧЕ, посредно признавајќи дека има сомнеж за друг вид одговорност. Се сетив на Антонио Пешев, кој по двете авионски несреќи во 1993 година, ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, не заради тоа што беше виновен, туку затоа што го персонифицираше Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и врски. Остана запаметен како ЛИЧНОСТ со дигнитет и интегритет, човек кој сочувствува и превезема одговорност за настаните врзани за надлежноста на министерството. Во 1993 година, министерот за надворешни работи Денко Малески поднесе оставка врзана за грчко-македонските разговори за името. Да не ја забораваме и оставката на заменик-министерот за образование, проф. Петар Атанасов.
Чуле ли, или ќе им каже ли некој(а)на министерот и премиерот дека постои ОБЈЕКТИВНА одговорност? Ќе им објасни ли дека ТАА е од етичка и морална природа, значи потврда дека политичарот постои заради граѓаните, дека сочувствува со нив, дека одговара пред нив. Знаат ли министерот Филипче и премиерот Заев дека таа е строго ЛИЧНА и се врзува за функцијата ПРВ ЧОВЕК во здравството, оној со најголеми права, но и најголеми обврски, за разлика од СУБЈЕКТИВНАТА, која е политичка, кривична и граѓанска и следи по истрагата на делото, ама за неа не е надлежен премиерот, туку судската власт, иако е јавна тајна дека тој ги управува сите министерства и власти, а за малку ќе беше и министер за финансии.
Зарем четиринаесет изгорени луѓе не се доволна причина за некому срцето и умот да му соопштат дека е СЛУГА на народот, што значи и на „бившите“ четиринаесет пациенти : луѓе, личности, мајки, татковци, нечии деца, а не слуга на ПРЕМИЕРОТ и дека најмалку што може да стори е да ПОДНЕСЕ ОСТАВКА. Намерно не велам НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, оти не знам што е смислата на
„ОТПОВИКЛИВАТА“ ОСТАВКА, освен дека е алиби инструмент, изнедрен во кумунизмот, кога ОДЛУКАТА на ПАРТИЈАТА била поважна и посилна од ЛИЧНАТА! Демек, министерот НУДИ, ама премиерот ОДБИВА од ПОВИСОКИ, НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, небаре СТАРАТЕЛ МУ Е, а партиската хорска јавност реди „ НЕСОБОРЛИВИ АРГУМЕНТИ“ за неприфаќање на „ ИЗБРЗАНИОТ“ и „ ПОГРЕШЕН“ министерски чекор!
Зарем некој нема да ги потсети министерот и премиерот дека „ЖИВОТОТ НА ЧОВЕКОТ Е НЕПРИКОСНОВЕН“ (член 10 од Уставот) и дека „НА СЕКОЈ ГРАЃАНИН МУ СЕ ГАРАНТИРА ПРАВОТО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА“ ( член 39 од Уставот). Зборуваме за НЕПОВТОРЛИВИ ЖИВОТИ, за ИЗГОРЕНИ СЕМЕЈНИ ПРИКАЗНИ, за СМРТ предизвикана од ПОЖАР, а не од БОЛЕСТ.
За жал, дури и во ТРАОРЕН амбиент како овој, наместо да се однесуваме со ПИЕТЕТ кон невините жртви на ОД МОЌ БОЛНАТА, на МОЌНИЦИТЕ им е поважно, СРЕДЕ ЖАЛОСТ, да го е ШТИТАТ ликот и делото на министерот преку повици за собирање потписи и изразување „НЕОТПОВИКЛИВА“ доверба кон министерот.
Згора, одеднаш, за некои медиумски ЕГЗИБИЦИОНИСТИ, „ПОВАЖНО“ е дали г-динот Мицковски го цитирал вистинскиот член од Уставот и Деловникот за реализација на оставката од самата ОСТАВКА. ДУРИ, во малограѓански манир, се прашуваат кого консултирал, а кого не ? „Се загрижиле“ дали ме консултирал мене? Не се чувстувам пријатно кога треба да одговарам на вакви прашања, но еве, ќе ја задоволам обсесијата на некои „ЕПТЕН ЗАИНТЕРЕСИРАНИ (ПРО)ПАРТИСКИ ПРОЦЕДУРАЛИСТИ – ИНТРИГАШИ. Не, не ме праша. Г-динот Мицковски ме консултира за статешки прашања, а за другите се консултира со правничкиот тим околу него. Како умен, праведен и морален човек, тој се води од ЛОГИКАТА И ЕТИКАТА. Умот, чувството за правда и моралниот императив го водат кон ставот СТАВОТ дека ОДГОВОРНОСТ по ваква ТРАГЕДИЈА МОРА ДА ИМА, како и дека ОСТАВКАТА Е ЛИЧЕН, а не ДВОЛИЧЕН ЧИН, од типот: јас понудив оставка, аме премиерот не ми ја прифати. Впрочем, уставните, законските и деловничките одредби не се учат напамет, туку се читаат и ПРИМЕНУВААТ од надлежните. Згора, се повикал на собраниски преседан.
Ама, кога веќе МЕ ПОВИКУВААТ, директно, или индиректно, еве ја мојата интерпретација на уставните и деловничките одредби за институтот „оставка“. Во толкувањето, нема да ги заборавам зборовите на Sir Ivor Jennings: „секој министер одговара пред парламентот и секој акт на администрацијата се смета за НЕГОВ АКТ. Да потсетам дека Lord Carrington поднесе оставка во врска со Фолкландските острови, иако премиерката Margaret Thatcher не го бараше тоа од него. И Бараносата Estelle Morris, како министерка за образование Кабинетот на Tony Blair, поднесе оставка, без тоа да го побара првиот министер, изјавувајќи: „ „сакам да бидам чесна со себе“. Да не говорам за бројот на министри за здравство кои ширум планетава поднесоа оставки заради лошо менаџирање на здарвствената криза.
Во толкувањето не смееме да заборавиме дека во нашиот политички систем има реликти од собранискиот систем, , па поделбата на власта, како темелна вредност на уставниот поредок не е доследно операционализирана во организацијата на власта.
Да ја видиме накусо правната рамка за оставката.
УСТАВОТ, во членот 94 став (1) вели дека: „ Член на Владата има право да поднесе оставка“. ДЕЛОВНИКОТ на Собранието, во рамките на глава XII. ОДНОСИ СО ВЛАДАТА, точка. 2 „ Оставка на Владата“ , во членот 219, став (1) утврдува: „ Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка“, во ставот (3) вели : „ Оставката на член на Владата до претседателот на Собранието се поднесува преку претседателот на Владата“, а во ставот ставот (5) пропишува: „ Оставката на член на Владата, претседателот на Собранието ВЕДНАШ ја доставува до пратениците.
Членот 220 од ДЕЛОВНИКОТ се однесува на постапувањето на Собранието по поднесената оставка на членот на Владата. Истиот гласи: „ Собранието , на првата наредна седница, без претрес, КОНСТАТИРА дека на претседателот на Владата, на Владата или НА ЧЛЕН НА ВЛАДАТА , МАНДАТОТ ИМ ПРЕСТАНУВА НА ДЕНОТ НА ОДРЖУВАЊЕТО НА СЕДНИЦАТА.
За разлика од некои експерти, јас гледам ОГРОМНА разлика меѓу „ ОСТАВКАТА“ и „ ПРЕДЛОГОТ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЧЛЕН НА ВЛАДАТА“, што може да го поднесе претседателот на Владата. Не се работи за чекори во постапката, туку за различни правни категории. Впрочем, обичен поглед на Деловникот лесно открива дека, не случајно, ОСТАВКАТА е разработена во членовите 219 и 220, под наслов „ ОСТАВКА на Владата“, а РАЗРЕШУВАЊЕТО, во членовите 221 и 222, под истоимен наслов.
Значи, да се повикувате на член 94, став (2) од Уставот, во интеретација на ОСТАВКАТА, како ПРАВО на министерот е погрешна уставна интерпретација, предизвикана од незнаење или намерно!
Од погоре цитираните членови од Деловникот: член 219, став (3), јасно е дека претседателот на Владата во случај на ОСТАВКА на министер како израз на длабоко ЛИЧЕН, МОРАЛЕН ЧИН и ДОБЛЕСТ, не ја носи КРАЈНАТА ОДЛУКА, како што тврдат некои експерти, туку ја ПРИМА ОСТАВКАТА и како ПОШТАР/ ПОСРЕДНИК ја проследува до Претседателот на Собранието, а ТОЈ, ВЕДНАШ ја доставува пратениците ( член 219, став (5). Се разбира, ако ОСТАВКАТА се перцепира како ДВОЛИЧЕН ЧИН, тогаш се НУДИ, наместо да се ПОДНЕСЕ, „ОТПОВИКЛИВА Е“ , а претседателот на Владата, како „СОВРШЕНО МОРАЛНО СУШТЕСТВО“ може да апелира на „ СОВЕСТА“ на ПОНУДУВАЧОТ, молејќи го да ја повлече заради неговата „ НЕЗАМЕНЛИВОСТ“ „ПОЛИТИЧКА НЕПОВТОРЛИВОСТ“, укажувајќи му на „НЕСПОРЕДЛИВОСТА“ на штетата на понудената ЖРТВА со онаа на четриринаесет изгубени ЖИВОТИ! Каква ( НЕ)КАНТОВСКА етика! НЕМОРАЛНО е премиерот да се третира како БОГ!
Разликата меѓу институтот „ ОСТАВКА“ и “ РАЗРЕШУВАЊЕ“ е видлива и од членот 220 на Деловникот, каде на првата наредна седница , без претрес, СЕ КОНСТАТИРА престанокот на мандатот на членот на владата!
Кај разрешувањето (член 221 од Деловникот), ситуацијата е сосема различна, предлогот за разрешување доаѓа од Претседателот на Владата, нема врска со нечија ОСТАВКА и произлегува од незадоволството од работата на некој член на Владата. ТОј мора да биде образложен и по него се води претрес(измена од 2010 год). Повозрасната јавност помни и ваков случај на крајот на 90-тите, врзан за министерот за правда Иџет Мемети, кој не поднесе барање за екстрадиција на лице уапсено во Германија за тешко кривично дело.
Да заклучам, во случај на ПОДНЕСЕНА ОСТАВКА, КРАЈНАТА ОДЛУКА, но и ОДГОВОРНОСТ НЕ Е И НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ КАЈ ПРЕМИЕРОТ, туку кај подносителот! Во, спротивно, ОСТАВКАТА ќе биде МИСЛЕНА
ИМЕНКА. Наместо ЛИЧЕН ЧИН, диктиран од МОРАЛЕН ИМПЕРАТИВ, ќе стане политички ФИНГЕРАЈ.
Еве што вели проф. Шкариќ за оставката ( Уставно право, стр. 681): „Оставката е чин преку кој доаѓа до израз совеста на министерот за сопствената одговорност и за работата на Владата. Оставката АВТОМАТСКИ се прифаќа од претседателот на Владата и од Собранието, БЕЗ ДА СЕ БАРА НЕЈЗИНО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ…. Уставот не прави разлика меѓу референцата „ понудена оставка“ и референцата „ поднесена оставка“. Тој само зборува за поднесување оставка. Понудена оставка не постои во Уставот. Штом ќе се поднесе оставката, за определениот министер таа е ДЕФИНИТИВЕН ЧИН, за чија судбина никој нема МОРАЛНо право да одлучува. Кога се дава оставката, таа е еднократна и конечен чин на слободната воља на оној што ја дава. Преку ваквиот карактер на оставката, на преден план доаѓа МОРАЛНАТА, а не политичката одговорност. Поднесената оставка, претседателот на Владата не може да ја отфрли или да ја игнорира. Моралот и совеста се посилни аргументи од политичките интереси на Владата. Затоа за оставката одлучува самиот министер, а не преседателот на Владата или Собранието на Република Македонија.“
Инаку, инспирацијата за актуелната игра: „нудење и неприфаќање оставка“ произлегува од преседанот од 1995 година во врска со „ ОСТАВКАТА“ на тогашниот министер за внатрешни работи, г-динот Љубомир Фрчковски , во врска со атентатот врз претседателот Киро Глигоров на 3 октомври 1995 година. Претседателот Киро Глигоров за НИН (НИН, 17/07/2003), по осум години чекање судска разрешница, ќе изјави : „ Има разни прикаски, но јас не би се впуштал во тоа, бидејќи тоа се спекулации. Тогаш, министер за внатрешни работи беше г-динот Фрчковски, универзитетски професор за меѓунардони односи , кој не нашол за потребно да поднесе оставка, ако не за нешто друго, тогаш поради МОРАЛНАТА ОДГОВОРНОСТ, бидејќи тоа се случи среде бел ден , среде Скопје“.
Нема да ме изненади повторувањето на истава приказна, особено што ги препознавам тогашните гласници со истата приказна.
Во правна држава, како пратеничка би се очекувало да ја повикам ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА да иницира формирање на АНКЕТНА КОМИСИЈА, согласно член 76, став (1) (2), (3) и (5), чии наоди се основа за поведување постапка за утврдување одговорност на носителите на јавни функции, ама со претседател на Собранието – човек на владата, како и со оглед на досегашното мизерно искуство со неколкуте анкетни комисии, тоа ќе биде лет во место. Впрочем, не случајно во Деловникот нема одредби за анкетните комисии.
Да заклучам: Ковид -19 кризата, за жал и срам на (не)човештвото, изроди нов профитен вид, познат како Ковид – 19 профит, чии први жртви беа хуманоста и солидарноста. Можеби во ера на див неолиберализам /дарвинизам звучи донкихотовски, ама : како е можно една социјал- демократска влада да има поголемо разбирање за профитната логика на „нашите“ приватни болници од грчката или од француската, кои што наметнаa времено државно управување со
приватните клиники за време на здравствената криза, како и бесплатни здравствени услуги за Ковид-19 услугите и недискриминација.
Како да немам дилема со нехуманиот олигархискиот модел на управување со здравствената криза кога бизнисот со модуларните болници го доби довчерашниот партнер на оваа влада, г-динот Анѓушев, небаре единствен понудувач? Зарем не беше подобро многуте запуштени здравствени објекти да се реновираат и адапатираат за употреба? Зарем нашата Влада и министерот за здравство немаа увид во препораките на Европската комисија за превземење мерки за превенција од пожари во амбиент на зголемен ризик од пожар во услови на интензивно користење на кислород? Како е можно да изгоре болница за три минути, небаре пластична новогодишна елка? Зошто во модуларните болници се примале тешко болни? Зарем оние кои ставиле параф за прием на болницата немале елементарно знаење за опасноста од големи количини кислород во монтажни услови? Можно ли е роднините на болните „ да волонтирале“ во модуларната болница со (не)знаење на персоналот, жртвувајќи се за драгите…..
Неверојатно за нормална држава, но редовно во државата АБСУРДИСТАН!, пишува на својата фејсбук страница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ проф.д-р Гордана Силјановска Давкова.