Таа вели:

-Јас одамна велам дека профилот на нашиот премиер може да се дефинира како кажувам, заборавам, негирам, сега е значи реалист ме чуди затоа што ние веќе во илузија сме многу долго време дека веќе следниот миг или следниот датум ги почнуваме преговорите, а забораваме дека кога ќе дојде тој датум, ако веќе дојде, во Декларацијата на Бугарија и во изјавите убаво си пишува дека почетокот на преговорите не треба да се гледа како гаранција за членство туку само како позитивна движечка сила за реформите

Таа вели дека на изборите повикувала на себеевропеизација, односно да ја градиме државата по европски стандарди, заснована на владеење на правото, на почитување на човековите права, на пазарна економија, жестока борба со корупцијата, но изговорот од власта бил прво да се решат прашањата со соседите, затоа што тоа бил единствениот начин да се оди кон ЕУ, но се покажа дека тоа не е така, затоа што Ориент експрес не се оди во Европа, посочи Силјановска Давкова.

-Мене ме чуди каде е претседателот на државата бидејќи знаете како е во меѓународните односи, и во нашиот Устав прв примус во меѓународните односи е претседателот па претседател со претседател, би сакала не само да патуваат во авионот заедно, туку да б иде вклучен и претседателот, истакна пратеничката.

Таа вели дека претседателот Пендаровски не треба да ја чека Нова година за да и се обрати на нацијата само за да и честита, туку можеше да се обрати за проблемот со Бугарија, бидејќи тој е првиот човек во меѓународните односи, порача Силјановска Давкова.