Посета на базиликата „Санта Марија Маџоре“ и положување венец

Македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова денеска во Рим ја предводи државно-црковната делегација по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители. Таа ќе положи венец на спомен-плочата со македонски натпис во базиликата „Санта Марија Маџоре“, во чест на мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј. Делегацијата ќе го посети и гробот на папата Франциск.

Концерт „Македонисимо“ во чест на Св. Кирил

Во вечерните часови, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, Силјановска-Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на пијанистот Симон Трпчески, организиран од Министерството за култура на Македонија.

Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“

По примерот на Светите Кирил и Методиј должност ни е да ги одбраниме македонскиот идентитет и јазик, се порача на трибината за сесловенските просветители

Македонската делегација вчера присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Богослужбата беше предводена од митрополитот Тетовско-Гостиварски г. Јосиф и епископот Стобиски г. Јаков, заедно со повеќе свештени лица.

Висока црковно-државна делегација

На церемонијата присуствуваа и министерот за култура Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верски заедници Оливера Трајковска, како и отец Зоран Стојанов, претставник на Католичката црква.

Долгогодишна традиција и значење на 24 Мај

Поклонението на гробот на Св. Кирил е централниот настан во одбележувањето на 24 Мај, кој од 1969 година се организира со највисоки државни и духовни почести. Од 2007 година, овој ден е и официјален државен празник во Македонија.

Извор: Република