Во валандовско Чалакли заедно со моите омилени професори Гордана Силјановска Давкова и поранешниот претседател Ѓорге Иванов на Хид Бах Шен Фест, напиша денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Александар Николоски.

Преубав настан, преубава традиција и одличен фолклор. Честитки до турската заедница од овој крај која силно ја негува својата традиција.

Турската заедница е искрен пријател на македонскиот народ и взаемната почит е на највисоко ниво и ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, напиша тој.