Пратеничката потсети како власта неколку години веќе по ред ги уверува граѓаните дека македонскиот идентитет е бетониран.
– Тоа што власта го говори сега е за предизборни цели, зборовите на власта летаат насекаде, дури полесни се и од лисјата. Но, пожолтеа веќе тие лисја, никој веќе не им верува на зборовите на власта. И тоа особено ако секој ден кажаното го демантира некој настап. Од власта ќе кажат дека нема никаков проблем и потоа ќе се огласи некој од политичарите во соседството, појасни Силјановска Давкова.
Таа додаде дека Уставот на Македонија гарантира локална самоуправа како темелна вредност на уставниот поредок и идејата на локалнта самоуправа е да биде противтежа на централната власт, но сега министрите да ги гледате на локално ниво, претпладне значи на централно ниво, а попладне на локално ниво тоа значи и злоупотреба на народни средства, користење и на службени возила.