Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, пред почетокот на денешната пленарна сесија на Самитот за мир во Украина, вели дека една од најважните пораки на самитот е дека на војната во Украина треба да гледаме како на украински проблем, туку како европски и светски проблем.
„На најсилен можен начин ја осудуваме неиспровоцираната и неоправдана агресивна војна на Русија и ја поддржуваме Украина на најдобар начин, дури и повеќе од она што го дозволуваат нашите ограничени капацитети, ресурси“, рече претседателката Сиљановска Давкова.
На маргините на конференцијата, претседателката Сиљановска-Давкова се сретнала со повеќе други светски лидери.