За само четири часа, во периодот од осум изутринава до 12 часот кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова над 15.000 граѓански потписи за потврда на кандидатурата.
Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова за само четири часа успеа да собере 15.000 потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија, дознава Press24.
Потписите за нејзината кандидатура почнаа да се собираат денеска, откако вчера на конвенција на партијата официјално беше потврдена кандидатурата со 444 гласа од делегатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на денот пред пунктовите на ДИК може да се забележат големи гужви од граѓани кои го ставаат потписот за кандидатурата на Силјановска Давкова.
По потврдата од партиското раководство на партијата, таа кажа дека била изненадена од тоа што едногласно беше избрана за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
–Резултатот ме остави без зборови. Не очекував олку голем резултат, навистина многу ми значи довербата, од срце ви благодарам. Одговорно тврдам дека ниту еден труд, ниту членство во разни организации не ми значело толку колку можноста што ми ја дадовте вие, и тогаш и сега, да си го запознам народот. Тоа е неверојатно инспиративно, истакна вчера Силјанова-Давкова.