Во македонското Собрание денеска се одржа средба помеѓу претседателот Африм Гаши и амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин. На средбата беа разгледани повеќе прашања од билатералната и регионалната соработка, но и теми поврзани со европската интеграција на државата.

Гаши се заблагодари на пријателска Унгарија за постојаната поддршка на патот кон Европската Унија, нагласувајќи ја и финансиската помош која Унгарија ја вложува во капитални проекти и инфраструктурни подобрувања во земјата.

Амбасадорот Клеин, пак, на средбата врачи покана од претседателот на Националното собрание на Унгарија, Лало Ковер, за Конференцијата на претседатели на парламенти од Југоисточна Европа што ќе се одржи во ноември во Будимпешта.

Претседателот Гаши ја оцени оваа покана како можност за средби и размена на мислења со унгарскиот колега и останатите претседатели на парламенти од регионот, нагласувајќи ја улогата на вакви форуми во развојот на мултилатералната и билатералната соработка, како и во процесот на европската интеграција на земјите кандидати.

На средбата беа допрени и актуелните теми во државата и регионот, како претстојните локални избори, регионалните иницијативи и геополитичките предизвици.

Соговорниците се согласија за интензивирање на контактите и соработката на парламентарно ниво во наредниот период.