Силно го осудуваме признавањето од страна на Русика на украинските области Доњецк и Луганск како независни, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот твитер-профил.

Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија уште еднаш ја искажува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, напиша Османи.