Средба во Токио потврдува стабилно партнерство со JICA

Во рамки на официјалната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со Шохеј Хара – заменик-претседател на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), одговорен за Европа. Средбата се одржа во Токио, а учествуваа и министерот за култура Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Јапонска помош над 430 милиони евра

Муцунски ја истакна Јапонија како еден од најзначајните билатерални донатори на Република  Македонија. Во изминатите години, преку JICA, Јапонија обезбеди финансиска и техничка помош која надминува 430 милиони евра.

По пауза од 25 години, Одделот за педијатрија во битолската болница доби нов ехо апарат, донација од јапонската амбасада

Проектите вклучуваат поддршка за институционален развој, подобрување на инфраструктурата и модернизација на јавните услуги. Преку вакви иницијативи, јапонската помош игра клучна улога во економскиот и општествениот напредок на државата.

Потврдена определба за продолжување на стратешката соработка

На средбата се разговараше за проширување на тековната соработка со фокус на нови области од заеднички интерес. Двете страни ја потврдија заложбата за јакнење на партнерството, особено во делот на одржлив развој, дигитална трансформација и образование.

Министерот Муцунски изрази благодарност за досегашната поддршка и ја истакна важноста на континуираната соработка со JICA како стратешки партнер.

Извор: ТВ 21