Од кабинетот на претседателот беше испратена порака дека Црна Гора конечно е подготвена брзо и безрезервно да го продолжи својот европски пат кон полноправно членство.

– По убедливата победа на последните избори следуваше инаугурацијата, која со присуство на високи државници од целиот регион испрати освежувачка позитивна слика за добрососедските односи кон Европа и светот. Неделава започна политички дијалог под покровителство на претседателот, што укажува и на намерата политиката на поделби да се замени со политика на компромис за најважните прашања за развојот на Црна Гора – се наведува во соопштението.

Соговорниците заклучија дека е охрабрувачко издигнувањето на нова, демократска, помирувачка и инклузивна политичка култура и внатрешно и регионално.

– Речиси заслуженото членство на Црна Гора во ЕУ би им дало поттик и на другите земји кандидати за членство доколку политиката на проширување е суштински жива – се заклучува во соопштението од кабинетот на претседателот.

Милатовиќ од Брисел замина за Молдавија, каде ќе присуствува на самитот на Европската политичка заедница, при што ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.