На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледаат повеќе силни експлозии во челичарницата во Мариупол, јави Би-Би-Си.
Снимката е од MVD DNR, медиум за проруските сепаратисти во Народна Република Доњецк.
Би-Би-Си не може независно да го потврди датумот на снименото видео, но се смета дека тоа е направено по 3 мај.
Повеќе од 100 луѓе успеаја да побегнат од Азовстал во изминатите неколку дена, но многумина останаа во комплексот кој хуманитарните спасувачки групи го опишуваат како „пекол“.