Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од трите атински пристаништа во прекин е бродскиот сообраќај речиси кон сите острови, со исклучок на оние кои се во непосредна близина.

Порталот „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, објави дека во текот на вчерашниот ден, силен ветер бил регистриран во различни делови на Грција, кој достигнал од 70 до 97 километри на час, а најсилен бил на островот Тинос.