Нестабилни облачни маси предизвикаа локално невреме
Управата за хидрометеоролошки работи регистрираше нагло активирање на нестабилни облачни маси, кои попладнево предизвикуваат локално невреме во повеќе делови од Македонија.
Град и пороен дожд во полошкиот регион
Најизразена нестабилност е забележана во полошкиот регион. Југоисточно од Гостивар се движи нестабилна облачна маса, придружена со грмежи, засилен ветер, пороен дожд и појава на град.
Врнежи и грмежи во охридско, кумановско и кривопаланечко
Нестабилно време со врнежи и електрични празнења е регистрирано и северно од Охрид, како и јужно од Куманово, каде има пороен дожд, засилен ветер, грмежи и можна појава на суградица. Промена на временските услови има и во источниот дел од државата, во кривопаланечкиот регион, каде во моментов паѓа пороен дожд проследен со грмежи.
Граѓаните и возачите кои се движат низ овие патни правци се повикуваат на зголемена претпазливост поради силниот ветер и можноста од поројни наноси на коловозите.
