Дрво падна во близина на Транспортниот центар на улица Симеон Кавракиров. УХМР веќе информираше дека невреме ќе ја зафати скопската котлина.

Од Управата за хидрометеролошки работи информираа дека дел од фронтален систем придружен со поголема облачна и нестабилна маса се движи од Полошкиот регион кон исток, па се очекува во следниот половина час до час да ги зафати Скопскиот и Кумановскиот регион. Нестабилноста е проследена со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и засилен ветер..

До крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.