„Докторите ги знаат проблемите во здравството, затоа секогаш изборот министер за здравство треба да биде доктор квалитетен со искуство кој на никој не му должи ништо, со визија и кој има добра намера да направи функционален здравствен систем бидејќи ние докторите ги знаеме проблемите во здравствениот систем“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Симеонов во гостување во „Анализа 24“ на ТВ 24.
Тој продолжи и додаде дека треба да се почитуваат критериумите и протоколите за работа.
„Треба да се почитуваат критериуми квалитети и протоколи за работа. Главен проблем во здравствениот систем е корупцијата, неефикасност и отсуство на одговорност секоја неодговорност треба да сноси одговорност, секоја неефикасност треба да сноси одговорност, секоја корупција треба да сноси одговорност“, рече Симеонов.
Тој кажа дека секој министер треба да има добар почеток и да ти решава проблемите еден по еден. Тој додаде дека во првите 100 дена новата влада предвидува 500 нови вработувања во здравството, потоа уште 500 нови вработувања во зависност таму каде ќе има потреба.
„Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ во краткорочни планови е да се реши со приватните специјализанти тоа е проблем кој е наназад со години 500 приватни специјализанти немаат здравствено осигурување, пензиско осигурување, 28 илјади денари плата со кои плаќаат специјализација и живеат во месецот. Барањето на приватните специјализанти е многу издржано, тие бараат просечна плата со платени доприноси со договор на определено време“, вели Симеонов.