Арбен Таравари ја разреши д-р Каролина Симоновска

Министерот за здравство, Арбен Таравари, донесе одлука за разрешување на досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска. На нејзино место е назначена проф. Катерина Бошковска.

Симоновска сакаше јавна функција, но не сакаше да се споменува нејзиното име

Разрешувањето доаѓа по серија предизвици со кои се соочи болницата, вклучувајќи го распаѓањето на бронхоскопскиот оддел и внатрешните несогласувања меѓу медицинскиот персонал. Дополнителни тензии се појавија откако Симоновска побара од медиумите да не го спомнуваат нејзиното име, иако беше на јавна функција.

Промени во раководството на детската болница „Козле“

Со новото раководство, Министерството за здравство очекува подобрување на состојбите во болницата и поголема стабилност во работењето.

Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле

Инаку, во текот на вчерашниот ден сега веќе поранешната директорка испрати соопштение преку кое даде забрана за нејзиното име и презиме да се споменува во медиумите.

Деталите може да ги погледнете овде.