Тетовец го нападнал својот 66-годишен татко

Како што објави МВР, насилството се случило вчеравечер околу 21.50 часот, на улица Јордан Златановски во Тетово.

„Полициски службеници на СВР Тетово го привеле 31-годишниот тетовец Л. Х. затоа што го нарушил јавниот ред и мир и потоа физички го нападнал неговиот 66-годишен татко. Тетовецот Л. Х. е задржан во Полициската станица Тетово и се расчистува и документира случајот“, велат од полицијата.