Син на пратеник и член на Социјалистичката партија е осомничен за убиството на полицискиот инспектор Ненад Марковиќ, кој беше убиен синоќа во Бјелина, Босна и Херцеговина, пренесува Фокус.
Според информациите, се работи за Никола Кокановиќ, кој пред половина година бил осуден на 26 месеци затвор.
Кокановиќ е син на пратеникот Зоран Кокановиќ и член на Социјалистичката партија.
Убиството се случи синоќа по полноќ пред ноќниот клуб „Џил“ во центарот на Бјелина. АТВ неофицијално дознава дека Марковиќ на излегување од клубот бил погоден од два истрели од огнено оружје, пренесува Српскаинфо.