На небото вечерва ќе може да се види тн. сина супермесечина. Оваа појава се случува кога целиот диск на Месечината е осветлен и кога таа е најблиску до Земјата, во истовреме.

Тоа, сепак, не значи дека нашиот природен сателит ќе биде син по боја, туку тој назив го означува второто појавување на полна месечина во еден месец. Имено, првата полна месечина овој месец се случи на 1 август, а втората – утре. Зенитот е во 8:46 часот наутро по македонско време, но појавата може да се види од секаде на планетава ако небото е чисто. Околу 25 отсто од полните месечини се супермесечини, но само три отсто се сини месечини, според НАСА, што е релативно ретка појава.

Заедно со сината супермесечина, в среда на небото ќе биде видлив и Сатурн.

Супермесечината е околу 16 насто посветла од вообичаената појава на Месечина, а изгледа и поголема од просечната полна месечина. Супермесечината на 30 август ќе изгледа уште поблиску до Земјата отколку полната месечина на почетокот на август. Последната од четирите супермесечини за оваа година ќе биде тн. „Месечината на жетвата“ на 28 септември.

Супермесечината во Риби ќе падне најтешко на Рибите, Стрелците, Девицата и Близнаците:

Риба
За вас сината месечина ќе биде најтешка бидејќи претставува крај на животниот циклус и пресек на состојби. Како што се приближува овој датум, така ќе бидете поранливи, но и склони кон избрзани потези бидејќи ќе бидете пречувствителни. Многу е важно да не донесувате одлуки во афект бидејќи сето тоа ќе се собере.

Стрелец
Сината месечина во Риби се одвива во вашата четврта куќа, па носи семејни компликации или грижи за еден член од семејството. Она што ќе го научите за семејството ќе кулминира до 31 август, затоа треба да се вооружите со трпение.

Близнаци
Полната месечина во седмата куќа ви носи криза на работа и потреба да ја промените професијата. Можно е во тој интервал да донесете одлука да го прекинете работниот однос, а со таквите одлуки треба да бидете многу внимателни бидејќи Меркур ќе биде ретрограден.

Девица
Сината супермесечина ви носи криза во бракот. Ако имате деловен партнер, врската ќе биде тешка. Ќе мора да најдете компромисно решение за врската која е на тест.

Следната сина Месечина е предвидена за мај 2026 година, а наредната ќе може да се види во 2037., и во јануари и во март.

Во просек, Месечината е оддалечена од Земјата околу 384.400 километри. Патеката по којашто орбитира околу нашата планета не е совршен круг, туку е малку издолжена елипса. Исто време, таа е малку и „изместена“, па точката каде што е најблиску до Земјата се нарекува перигеј (околу 363.295 км), а точката каде што е најдалеку (околу 405.503 км) се нарекува апогеј.

Под влијание на гравитацијата на Сонцето и планетите (првенствено Сонцето), патеката на Месечината се поместува малку подалеку во однос на Земјата, така што секој перигеј не е подеднакво блиску, како што и не секој апогеј подеднакво далеку.