Продолжуваат да растат минималните трошоци. Нашата редакција направи мала ретроспектива, па така вредноста на Синдикалната минимална кошница за јануари 2015 година изнесува 32.135 денари.

Поскапувања од јануари

Девет години подоцна, минималната кошница порасна за речиси двојно, а истата изнесува 57.476 денари за февруари. Таа е зголемена за 313 денари во споредба со јануари оваа година.

Синдикалната потрошувачка кошничка не престанува да расте

Според денеска објавените податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денари и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари.

Најмногу се троши за храна и режиски трошоци

Најмногу пари, односно 21.219 денари се потребни за храна, а потоа за режиски трошоци односно плаќање вода, електрична енергија и греење.