Време е ВИСТИНАТА ЗА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР НА МВР да ја дознае секој вработен, порачуваат од Синдикатот на полицијата во Македонија.

-Во очај и фрустрација, неколку колеги од истиот тој синдикат, застанале пред некој компјутер и напишале неколку збора и реченици на кој текст во обид да си го одбранат својот претседател кој целосно го приватизира Синдикатот преку нивното пишување уриваат рекорди по број на изнесени лаги, клевети и манипулации како за нас како Синдикат така и манипулираат со сите вработени а сето тоа тие неколкумина (доколку им го видите нивниот Статут и се уверите колку пари земаат за тоа, ќе сватите зошто тоа го прават и го пбранат нивниот лидер (за ова понатаму ) истите неколкумина пишувајќи го текстот за одбрана на нивниот лидер во недостиг на идеи, во недостиг на проекти, во недостиг на поддршка од вработените и во голем очај што не успеа ниту преку неуспешен обид да го презентираат НОВИОТ ЕВРОПСКИ колективен (видно од сликите за неприсуство на нивните состаноци),ниту пак преку ноќ по директива да не срушат нас како Синдикат, веќе месеци наназад заедно со нивниот лидер си продолжуваат да го прават она што единствено го знаат – да шират лажни вести, велат од синдикатот.

Следи период во кој на вработените детално ќе им се образложат штетите настанати со потпишувањето на најкатастрофалниот Колективен договор некогаш потпишан во рамките на МВР а на штета на работниците.

-Kако вработени запрашајте се зошто не се подобрени правата и методологијата за незаконскитте распоредувања како и работата на комисиите чии членови се од македонскиот полициски синдикат? И зошто овој проблем не е решен односно зошто и од кои причини и постоечките одредби истите тие како Синдикат НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ? Знаете дека со „АМИН“ на тој синдикат во една година незаконски не изготвени и поделени илјадници решенија за распоредување, деградирање, надвор од места на живеење на професионалци и неистомисленици! Зар не е така?! Да стане јасно ниту имаме нешто против Вас како Синдикат (ако сакате земајте си ги како плата сите пари на име членарина и тоа нас не не интересира). Она што не интересира е тоа дека потпишавте СРАМЕН Колективен договор И УШТЕ СЕ ФАЛИТЕ ДЕКА БИЛ ЕВРОПСКИ?!!! Со права кои се уназадени….. Во идниот период како Синдикат ќе ги запознаеме сите вработени со сите детали од овој срамен колективен договор и тука место да ни се лутите НЕМА, велат од Синдикатот.