Полицајците имаат поголема плата од минималната, па за усогласеност ќе почекаат. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека сега приоритетот е да има лиенарно покачување само за мал број на лица, технички персонал.
За евентуално линеарно зголемување на платите на сите вработени во МВР, одлука ќе донесат откако ќе има проценка на одделот за финансии, но и во договор со македонскиот полициски синдикат.
Претседателот на независниот полициски синдикат, Гоце Делчев Тодев пак, за ТВ24 вели дека на економско-социјалниот совет им пренел и на министрите и на премиерот Димитар Ковачевски дека состојбата во МВР е лоша, но и дека министерството во моментов се соочува со тужби поради тоа што нема израмнување на платите.
„Вработените во МВР, полицијата поточно е сектор за кој нема да има покачување и со ова покачување на минималнат плата. Јас и на премиерот и на министерите им го пренесов следното 500 тужби веќе се поднесени за порамнување на плата, за покачување на износот на платата во полицијата и очекуваме во јуни-јули да ги имаме првите добиени тужби.“ – рее Гоце Делчев Тодев од Независниот полициски синдикат.
Според Делчев – Тодев, на МВР во моментов му се заканува состојба како претходно, кога пред две години по основ на тужби од изминатите 15 години биле излеани 18 милиони евра, сега е можно да се случи истото поради малите примања на полицијата.
Лани според Спасовски, по сите основи МВР го напуштиле не повеќе од педесет полицајци, но не даде одговор на прашањето, дали има информации за причините на оние кои не се пензионирале, но одлучиле доброволно да го напуштат министерството.