Синдикатот на ЈСП „Скопје“ бара усогласување на платите на сите вработени со минималната плата, во спротивно наредниот месец ќе излезат на протести. Претседателот на синдикалната организација на ЈСП, Мичо Стојановски, вели дека зголемувањето кое законски им следува е 2.170 денари и бараат од мајската плата тие пари да им се исплаќаат.
Бараме зголемување на бодовите, а не зголемување на висината на б одот. Се надевам дека ќе преовлада разумот и со мајската плата во јуни ќе биде исплатено. Доколку не се случи, ќе ги користиме сите мерки, согласно со Законот за работни односи. Има, методи, начини, мировни договори, штрајк, протест – изјави Стојановски и додава дека за зголемувањето потребни се 5 милиони денари месечно или 60 милиони денари годишно.