-Денес сме тука пред Министерството за внатрешни работи да кажеме збор два за “модерниот” европски колективен договор што пред извесно време беше потпишан од страна на Министерот Спасовски. Денес ќе дадеме оценка и ќе ставиме акцент на тоа дека дефинитивно Министерот Спасовски може подобро и повеќе да и наштети на Македонската полиција. Денес сме тука по незнаеме кој пат да потсетиме дека Полицијата никогаш како досега не била толку понижувана како што е сега.
Денес сме сведоци на еден преседан и крајно неморално и неетичко уништување, назадување на правата на работниците во МВР, преточен во нешто што е само налик на Колективен договор, потпишан од Министерот Оливер Спасовски и претседателот на „единствениот“ МПС Марјан Кицев. Со она што ние како СПМ, се соочивме при анализата на овој договор, не сакавме да веруваме дека е вистина се до неговото објавување и озаконување, е запрепастувачки. Првото прашање кое се наметна е зошто некој би сакал да состави ваков акт? Но за жал, одговор на тоа прашање можат да понудат само потписниците на тој акт, Министерот и МПС.
Она што ние како синдикат можеме да го кажеме е тоа дека СЕ од претходно најавеното од страна на потписниците, е лага или во најмала рака, манипулација, ДЕКА СЕ ЗАДРЖАНИ СИТЕ ПРАВА ОД ПРЕТХОДНИОТ КД.
Како прв пример ќе ги наведеме УДАРНИТЕ вести за добивање на еднократен додаток од 100 евра за новородено дете и еднократен надоместок за менторство, јубилејна плата за 10 години работа во МВР, но она што не е кажано е дека тие одредби не стапуваат ВЕДНАШ во сила а дали и воопшто некогаш ќе се исплаќаат и тоа е прашање кое лично не веруваме како Синдикат.
Следно, најавата на исплата на надоместок за домашно дежурство за работниците од неуниформираниот дел кои не работат во смени. ДА, но за жал и таа одредба е со одложено време на стапување на сила, односно од 1 Јануари 2022 година. Она што Министерот не се пофали е тоа што за сметка на домашно дежурство ќе се исклучат додатокот за ноќна и прекувремена работа, викенд, празник и слично кои се исплаќаа досега за смените кај наведените вработени.
Да прашаме уште нешто: Која е целта на ваквите ПОКЛОНИ, ако не можеме да ги добиеме? Или ова се само најави за она што следува ако сме послушни и покорни или во спротивно нема да ги добиеме? ОВА ЛО СЕ НАВИСТИНА УНАПРЕДЕНИ ПРАВА‼️⁉️
И се ова досега е само вовед во она што следи, во овој УНАПРЕДЕН И ЕВРОПСКИ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР, резултат на ДИЈАЛОГ И РАЗБИРАЊЕ ПОМЕЃУ МВР И МПС⛔
☢️ Имено, допрена е и една од најболните точки за работникот во МВР- исплатата на додаток за прекувремена работа. Она што е премолчено е секогаш расипаното, оштетеното,трулото. Овојпат МПС не не извести дека сега, со овој КД, ќе се исплаќаат 32 прекувремени часови, што и беше пракса до сега, НО, се што ќе се оствари како прекувремена работа над 32 часа, работникот ќе смее да користи ИСКЛУЧИВО СЛОБОДНИ ДЕНОВИ!!! Она што досега работниците во МВР го остваруваа со тужби заради тоа што не им беа исплаќани прекувремени часови над 32, сега им е одземено!!! ОВА ЗА ВАС, ГОСПОДА ПОТПИСНИЦИ, Е УНАПРЕДЕНО ПРАВО??? Зошто и за ова не се пофаливте пред задоволната полиција⁉️
Зошто не се пофаливте дека во одредбите каде предвидувате храна и пат за ноќна смена ќе ги исплаќате доколку ноќните смени односно часови се една третина од полното работно време во годината. Уште сега веќе е јасно дека целта Ви е однапред ова право да не успее а никако и да биде исплатено⛔
Додадовте уште еден, трет, слободен ден за крводарители. ОДЛИЧНО!!! Но не кажавте дека со тоа додадовте уште еден ден повеќе за да не може да се исполни правото на бонус плата, бидејќи само годишнот одмор не се засметува како одсуство од работа, нели, како што веќе најавивте, онака партнерски, за сметка на тужбите за бонус плати!!!И ОВА ли Е МОЖЕБИ УНАПРЕДУВАЊЕ?
На кратко и за вашите “султански,деспотски”аспирации, претседателе Кицев. Она што досега беше Синдикат како поим, во согласност со Устав, закон и конвенција, ГО ИЗБРИШАВТЕ и ГО ПРИСВОИВТЕ и сега под синдикат во МВР според Вас се подразбира исклучиво МПС🤮🤧 Изгледа заборавивте на одлуката на Уставен суд со која и претходно таквото ваше присвојување беше поништено. Но она што повеќе загрижува е вашето, сега дозволено, мешање во работата на Министерот. Она што до 2015-та беше обврска на министерот да составува листа на вработувања за кои не е предвидена транспарентна постапка, Дискреционо право, сега си го дозволивте со тоа што со овој договор МПС заедно со Министерот ќе одлучува кој, каде и кога ќе биде вработен во МВР без обврска за јавен оглас!!! ОВА Е НАВИСТИНА УНАПРЕДЕНО ПРАВО. НО ЗА ВАС, ПАРТНЕРИТЕ, ЗА НИКОЈ ДРУГ!!!
За вашите синдикални “екскурзии” во државата и странство до сега ви следуваа 3 дена платено отсуство, а сега СИ ГО УНАПРЕДИВТЕ И ТОА ПРАВО во времетраење на настанот? Сега ќе можете ОПРАВДАНО да трошите буџетски пари и за 10, 15, 20 и повеќе дена без одговорност? И сето тоа се дрзнавте да го прикриете зад УЧЕСТВО НА НАШИТЕ СПОРТИСТИ НА МЕЃУНАРОДНИ МАНИФЕСТАЦИИ??? Одлична можност за платен одмор!!!
Апсолутно ги узурпиравте и присвоивте објектите за одмор и рекреација. Само со ваше составување на список и одобрување ќе може некој работник да ги користи тие објекти. Па нели се во сопственост на МВР? Или сега нема разлика помеѓу МВР и МПС? Па добро, вие синдикат ли сте или владина институција? Со што го задолживте Спасовски па до толку аздисавте?
Зошто повторно дозволивте покачувањето на бодот да биде со услов од 5% и ДОКОЛКУ СЕ ПРЕДВИДЕНИ СРЕДСТВА СО БУЏЕТОТ, а можевте да го намалите процентот макар на 2.5% и да биде задолжително?
ЗОШТО ДОДАТОКОТ ЗА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, К-15 , НЕ ГО ДОГОВОРИВТЕ КАКО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН, СО ИСПЛАТА ЕДНАШ ГОДИШНО, СО РОК ДО КРАЈОТ НА ТЕКОВНАТА ГОДИНА? Барем да бевме порамнети, во овој дел на правата со Шумската полиција?! Или ние не вредиме до толку? Ние само имаме право на тоа.
Но, судејќи по овој Ваш “унапреден” КД, и во иднина нема да можеме да се надеваме на било какво подобрување на катастрофата во која се наоѓаме веќе со години.Во дисциплинските постапки веќе им го одзедовте правото на одбрана на колегите, за синдикален претставник по нивни избор. Или ќе се одбраните со тоа дека можат да не повикаат, а нема да кажете дека освен МПС, исказот, писмен или усмен, на претставник од другите синдикати , нема да влезе во записник и нема да се земе во предвид?! И ОВА Е ЗА ВАС УНАПРЕДЕНО ПРАВО. ИМ ГО ОДЗЕДОВТЕ ПРАВОТО НА ИЗБОР.
Господа потписници, како синдикат изјавуваме дека не сме задоволни од овој договор ВООПШТО. Но не сме малку, во тоа ве уверуваме.Ви ветуваме и вас, а и на нашите колеги, дека СПМ нема да подлегне на притисоците и ќе ги преземе сите можни дејства и можности вистината да излезе на виделина и овој несовесен и незаконски акт да биде поништен.Бидејќи само на тој начин ќе се поправи и спречи штетата од истиот.
Знаете многу добро дека овој акт е во спротивност со Уставот на РМ, Законите кои ја регулираат оваа правна материја, а исто така и со Конвенцијата за човекови права.
Време е да дознаат и јавноста и вработените во МВР!!!
А овој КОЛЕКТИВЕН срам за почеток сега демостративно ќе го ПОНИШТИМЕ со кинење на хартија на која се одземени и ускратени работните права, пишуваат од Синдикатот на полиција во Македонија.