И покрај предупредувачкиот протест на Синдикатот на УКИМ, Владата не излезе во пресрет на барањата на вработените за покачување на платата и потпишување на колективен индивидулен договор на ниво на работодавец-УКИМ.

И покрај изнесените изјави на претставниците на Владата за подготвеност за дијалог со Синдикатот на УКИМ и после едена недела нема никаков повик за средба.

Синдикатот со уште едно писмо адресирно до Илинденска, бара повторно да се разгледаат барањата и државата да покаже подготвеносот да се подигне дигнитетот и достоинството на вработените на УКИМ.

Во спротивно, се вели во писмото на Синдикатот до Владата, ќе бидат приморани да организираат протести пред Владата за заштита на правата и стандардот на  вработените за ограничувањето на Автономијата на УКИМ и за игнорантскиот однос ќе ја известат меѓународната заедница.

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на 2 јуни пред Ректоратот на УКИМ одржа мирен протест изразувајќи незадоволството од, како што велат, за влошената материјална положба на вработените. Претседателот на Сојузот на синдикати, Ангел Ристов, пред присутните колеги и професори истакна дека никогаш во историјата на УКИМ состојбата на вработените на Универзитет не била како денес. Бараат покачување на платите , 25% на годишно ниво во наредните 4 години.

Зголемување на платите во високото образование, ќе има од септември и тоа е предвидено со ребаланс на Буџетот, најави Министерот за образование Шаќири кој по предупредувачкиот протест рече дека е отворен за соработка и исто како што имаше социјален дијалог за основно и за средно образование, очекува така да биде и со репрезентативниот синдикат за високото образование.