Сириските државни медиуми денеска објавија дека сириската армија е заслужна за елиминацијата на лидерот на Исламска држава, Абу ал Хасан ал Хашеми ал Кураиши.
Кураиши беше убиен во операцијата во октомври, во јужната сириска провинција Дара.
Првпат коалицијата предводена од САД не учествувалла во елиминирање на лидер на ИД. Исто така тоа е прва операција во јужниот дел на Сирија, а не во северниот, каде влијание имаат голем број фракции, а некои од нив се поддржани од САД.
Сириските демократски сили поддржани од САД, кои се борат против ИД во северниот и источниот дел на Сирија, вчера соопштија дека не биле вклучени во операцијата. Пентагон исто така соопшти дека американската војска не била вклучена во операцијата.
Востанието во Сирија започна во Дара во 2011 година. Сириската армија ја врати контролата врз провинцијата во 2018 година по договорот за помирување со посредство на Русија, во кој бунтовниците го предадоа тешкото оружје и беа вклучени во провладините единици.