Управата за јавни приходи известува дека, денеска, поради опожарување оптички кабли кај повеќе телекомуникациски оператори, меѓу кои и операторот што обезбедува услуга за интернет-симетричен пристап на УЈП, системите за електронски услуги не беа достапни во периодот од 7.40 до 11.30 часот.
„Овој технички проблем е надминат и системите на УЈП се достапни за реализација на вашите права и обрвски што ги остварувате преку нив“, соопшти Управата за јавни приходи.